Силно невреме проследено со пороен дожд и грмежи го зафати поголемиот дел од Србија, а во некои делови од државата падна и град.
Во делови на Срем околу еден час паѓал град со големина на лешник.
Невремето ја зафати и западна Србија, а пороен дожд ги поплави улиците на Пријепоље. Во Краљево нешто по 17 часот имаше пороен дожд, силен ветер и град.
Град паѓаше во околината на Топола и во јужен Банат.

Дел српски медиуми јавија дека камион делумно пропаднал во асфалтот на автопатот близу Смедерево во текот на невремето. Од поројниот дожд е уништен дел од коловозот.
Во Белград имаше поројни врнежи и грмежи, па сообраќајот во некои делови од градот се одвиваше многу отежнато.
Претходно денеска РХМЗ издаде предупредување за врнежи од дожд и грмежи што се очекуваат на територијата на Србија во наредните четири дена.

Во централна Србија се уште врне силен дожд.