Жена на возраст од 46 години, идентификувана како Ж.Н., рано утрово била примена во Ургентниот центар во Белград со прострелна рана во ногата.
Според неофицијални информации објавени од српските медиуми, таа била застрелана со огнено оружје, по што итно била пренесена во болница.
Она што дополнително ја комплицира ситуацијата е нејзиниот исказ даден пред полицијата. Ж.Н. изјавила дека самата се повредила по расправија со сопругот. Оваа изјава се проверува, а нејзиниот сопруг ќе биде сослушан како дел од истрагата.
Според достапните информации, нејзината здравствена состојба е стабилна и не е во животна опасност.
За целиот случај е известено надлежното обвинителство, кое ќе ја води понатамошната постапка и ќе утврди дали станува збор за несреќа, самоповредување или семејно насилство со кривична одговорност.