ПРВ.мк
Балкан

Одмор заврши со убиство: Тинејџер убиен - четворица осомничени

Одмор заврши со убиство: Тинејџер убиен - четворица осомничени
Escape

Тинејџерот М.М. (17), кој допатувал со своето семејство од странство на одмор во Нови Пазар, синоќа го загуби животот откако бил избоден со нож за време на масовна тепачка. Тешко повредениот младич им подлегнал на повредите, а за неговото убиство се уапсени двајца врсници – К.А. (17), осомничен дека го прободел, и Г.С. (17).

Полицијата интензивно трага по уште двајца тинејџери – З.С. (16) и Б.С. (17) – кои учествувале во инцидентот. Трагичниот настан ја потресе локалната јавност, особено поради фактот што жртвата воопшто не живеела во Нови Пазар, туку се наоѓала таму само неколку дена.

Mia Home Mavrovo