ПРВ.мк

Македонците од Пиринска Македонија собраа донација за настраданите во трагедијата во Кочани

Македонците од Пиринска Македонија собраа донација за настраданите во трагедијата во Кочани

Македонската заедница од Пиринска Македонија уште еднаш покажа солидарност и човечност, собирајќи 3.310 евра како помош за настраданите во трагичниот настан што се случи во Кочани на 16 март годинава.

Средствата беа собрани преку неформална иницијатива на патриотски настроени поединци и македонски организации во Бугарија, а без објавување на имињата на дарителите, според нивното барање за анонимност. Парите се уплатени преку сметката на Црвениот крст на Македонија.

По градови, најмногу средства пристигнале од Сандански (900 евра), Гоце Делчев (855 евра), Петрич (600 евра), Благоевград (450 евра), Разлог (420 евра), Софија (65 евра), и останати локации (20 евра).

Оваа донација е уште еден доказ за нераскинливата поврзаност меѓу Македонците од двете страни на границата и нивната подготвеност да помогнат во тешки моменти.

Vero

Agria