ПРВ.мк
Балкан

КРАЈ НА ЧЕКАЊЕТО НА ПАКЕТИ ОД TEMU И ALIEXPRESS: Пошта воведе револуционерен систем!

КРАЈ НА ЧЕКАЊЕТО НА ПАКЕТИ ОД TEMU И ALIEXPRESS: Пошта воведе револуционерен систем!
Kristal

Од денес, Пошта Србија воведува систем кој автоматски ќе ја чита вредноста и содржината на пошиљките, што ќе го скрати царинскиот процес и ќе овозможи пакетите од странски онлајн платформи да стигнуваат до корисниците веќе наредниот ден по пристигнувањето во Србија.

Вршителот на должност директор на Пошта Србија, Зоран Анѓелковиќ, објасни дека роботите и новиот PAP софтвер ќе го забрзаат приемот на пошиљките за до 10 дена.

„Често се случува некои пакети да останат по недела, 10 или 15 дена, иако добивате порака дека се во логистичкиот центар. Всушност, тие се наоѓале во царинската испостава во Белград, бидејќи станува збор за пошиљки кои подлежат на царинење“, рече Анѓелковиќ на конференција за медиуми во Регионалниот поштанско-логистички центар Белград.

Како функционира PAP софтверот: дигитална царина наместо рачен преглед

Кога системот е оптоварен, процесот може да трае подолго, па луѓето чекаат на своите пошиљки. Некои пошиљки мора да се отворат заради царинска контрола.

Со новиот систем, пошиљките повеќе нема да се задржуваат на царинскиот терминал.

„Веднаш штом ќе пристигнат тука, ќе се прочита се – нивната вредност и што има во пошиљката, а веднаш потоа ќе бидат сортирани и испратени до корисникот. На тој начин, Пошта Србија станува царинска испостава, бидејќи пошиљките кои денес стигнуваат тука, веќе утре ќе бидат доставени, без разлика дали се со царинско оптоварување или без него“, истакна Анѓелковиќ.

Тој додаде дека ова значително ќе го скрати патот до крајниот корисник:

„Од денес, пакетите практично повеќе нема да бидат во царинската испостава, туку одат директно кон корисниците, што значи скратување на патувањето за три, седум, па понекогаш и 10 дена.“

Спас за купувачите од Temu, AliExpress, Amazon и Shein

Анѓелковиќ потсети дека Пошта Србија со ова го заокружила проектот за автоматизација кој го започнала минатата година:

„Еден проект беа роботите, другиот пакетоматите, а третиот проект е PAP софтверот – систем за сортирање на стоки и читање на податоци од нарачките за да царината го заврши својот дел електронски, наместо да го прегледува секој пакет посебно.“

Според него, ова претставува голем исчекор за Пошта Србија, како и за Управата за царини, но пред сѐ за корисниците и нивните пакети кои пристигнуваат од странство преку AliExpress, Amazon, Temu, Shein и други големи снабдувачи.

Развојот на софтверот и примената на автоматизацијата преку електронски најави е овозможен преку Проектот за автоматизација на процесите на електронски најави за поштенски пошиљки во царинскиот процес, каде што заеднички работеа експерти од Пошта Србија и Управата за царини, преку глобалната програма „Алијанса за трговски олеснувања“ која ја спроведува Германската организација за меѓународна соработка GIZ.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo