ПРВ.мк

Хаос во Турција: Опозицијата повикува на протести, уапсени повеќе од 340 лица

Хаос во Турција: Опозицијата повикува на протести, уапсени повеќе од 340 лица
VERO Banner

Еден ден по големите протести во Турција, при кои беа уапсени 343 лица, опозицискиот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој исто така беше уапсен, денеска повторно ќе биде сослушан. Опозицијата најави нови протести по повод апсењето на Имамоглу, кој е лидер на Републиканската народна партија и главниот ривал на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на претстојните избори.

Откако беше уапсен во средата, протестите се проширија во 55 од 81 региони во Турција. Според францускиот Монде, повикувајќи се на агенцијата Франс прес, само во Истанбул вчера на улиците излегле околу 300.000 луѓе, според податоците на партијата на Имамоглу.

Министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја, соопшти дека вчера биле уапсени 343 лица. Според Монде, на неколку места имало судири помеѓу демонстрантите и полицијата, која во Измир и Анкара користела солзавец и водени топови. Без оглед на тоа, опозицијата повика на нови протести.

Екрем Имамоглу беше уапсен во средата рано наутро под обвиненија за корупција и поддршка на Курдистанската работничка партија, која е прогласена за терористичка организација.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран