Драма на српско-хрватската граница! Група нелегални мигранти отворила оган врз српската гранична полиција откако биле откриени при редовна патрола кај местото Шид, блиску до границата со Хрватска.
Според соопштението на Министерството за внатрешни работи на Србија, во престрелката загинал еден од мигрантите. Неколкумина успеале да избегаат, а полицијата моментално трага по нив. Четири лица се приведени.
На местото на настанот се наоѓаат припадници на Полициската управа Сремска Митровица, како и јавниот обвинител од Вишото обвинителство, кој ја води истрагата за да се утврдат сите детали околу инцидентот.
Безбедносната состојба на границата е зголемено чувствителна, а властите апелираат на внимателност и воздржаност.