Хрватскиот остров Хвар станува тема број еден кај туристите – не поради убавините, туку поради астрономските цени. Сѐ повеќе посетители кои одмараат на оваа дестинација се жалат на драстично зголемување на цените, особено во екот на туристичката сезона.
Самото пристигнување на плажите веќе значи сериозен трошок: лежалките чинат од 25 до 40 евра, а балдахините се изнајмуваат и за 200 евра. Повратен билет за такси брод до околните плажи е околу 10 евра.
Цените на храна и пијалаци не заостануваат – еден сендвич чини 15 евра, порција помфрит 10, а целосен оброк со месо може да достигне до 20 евра. Коктелите се движат меѓу 10 и 20 евра, а кафето чини и до 7 евра во зависност од локацијата.
Но, вистинскиот шок доаѓа со појадокот: три лица со само две кафиња платиле над 100 евра во ресторан.
И маркетите не нудат олеснување – килограм праски се продава за 6,5 евра.
Туристички експерти предупредуваат дека оваа политика на цени може да ја чини Хрватска дел од туристите, кои сѐ повеќе се свртуваат кон подостапни и транспарентни дестинации.
Ask ChatGPT