ПРВ.мк
Балкан

Инцидент на Мајна-Дунав: Патнички брод удри во мост,штетата голема

Инцидент на Мајна-Дунав: Патнички брод удри во мост,штетата голема
Kristal

Патнички брод со 137 патници се судри со мост на каналот Мајна-Дунав во јужната германска покраина Баварија, соопшти полицијата. Несреќата се случила доцна синоќа при приближување кон градот Дитфурт, околу 70 километри југоисточно од Нирнберг.

Причината за инцидентот била превисоката кабина на кормиларот, која се судрила со мостот, предизвикувајќи значителна материјална штета. Полицијата соопшти дека нема повредени меѓу екипажот или патниците, а проценетата материјална штета може да достигне до 100.000 евра.

Бродот во моментов не може да продолжи со своето патување, додаде портпаролот на полицијата.

FixCredit
Atensa 300
Escape