ПРВ.мк
Балкан

Мајка и син од Сараево добија доживотна казна: 45 години затвор за монструозното убиство на снаата

Мајка и син од Сараево добија доживотна казна: 45 години затвор за монструозното убиство на снаата

Кантоналниот суд во Сараево изрече рекордни казни – по 45 години затвор за Леџиба и Горан Равлиќ, мајка и син, кои брутално ја убиле сопругата на Горан, Нермина.

Истрагата открила дека жртвата била држена во апсолутна изолација, малтретирана, изгладнувана и сексуално злоставувана, сè до смртта од тешки телесни повреди. На нејзиното тело биле регистрирани повеќе од 100 повреди.

Телото на Нермина со денови стоело во станот, а Леџиба и Горан, заедно со помагач, купувале алат и материјали со план да го расчленат.

Горан признал вина, но тврдеше дека убиството не било однапред планирано, наведувајќи дека страдал од психички заблуди и често бил насилен и кон својата мајка.

Овој случај ја потресе цела Босна и Херцеговина, а судијката Мелика Муртезиќ го нарече „еден од најмонструозните злостори што некогаш биле изведени пред овој суд“.

Escape