ПРВ.мк
Балкан

(ФОТО) СТУДЕНТИТЕ СО СКРИЕН ДЕТАЛ НА ФОТОГРАФИЈАТА ГО ОТКРИЈА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАНДИДАТ? Објавата предизвика лавина коментари

(ФОТО) СТУДЕНТИТЕ СО СКРИЕН ДЕТАЛ НА ФОТОГРАФИЈАТА ГО ОТКРИЈА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАНДИДАТ? Објавата предизвика лавина коментари

Во пресрет на претседателските избори во Србија, закажани за 27 декември, една мистериозна објава на Студентската листа предизвика бројни реакции и шпекулации на социјалните мрежи.

На фотографијата објавена на Инстаграм е прикажана машка фигура без лице, која седи зад биро, а пред неа се наоѓа Уставот на Србија.

Сепак, вниманието на јавноста го привлече еден необичен детаљ во десниот агол на фотографијата – музички албум на шведската група „Smile.dk“, позната по песната „Butterfly“, во која се споменуваат Јапонија и самураи.

Две имиња во игра

Дел од корисниците на социјалните мрежи сметаат дека станува збор за алузија на Радомир Саичиќ, поврзувајќи го неговото презиме со историската приказна за црногорскиот војник Александар Лексо Саичиќ, кој според преданието победил јапонски самурај.

Други, пак, веруваат дека скриената порака се однесува на Милош Павловиќ, поранешен декан на Факултетот за драмски уметности, кој е мајстор и шампион во јапонската боречка вештина кендо.

Студентската листа најави прес-конференција за 27 ноември, на која се очекува официјално да биде соопштено името на претседателскиот кандидат.

Во меѓувреме, формирана е и групата граѓани под називот „Студентите повторно победуваат!“, во рамките на подготовките за претстојните избори.

Најнови вести