ПРВ.мк
Балкан

Белградскиот протест што го тресе правосудството – еве што бараат судиите и обвинителите!

Белградскиот протест што го тресе правосудството – еве што бараат судиите и обвинителите!
Kristal

Во Белград, пред Уставниот суд, денес попладне се одржа протест на група судии и обвинители од целата земја, како реакција на, како што велат, се поголеми политички притисоци врз судството.

Протестот беше инициран поради случај во кој на обвинителка од Првото основно јавно обвинителство во Белград ѝ било одбиено да спроведе истрага поврзана со инцидент во шаторската населба пред Собранието. Судии и обвинители истакнуваат дека ваквите ограничувања ја загрозуваат независноста на правосудството.

На собирот беа поканети судии, обвинители, адвокати, студенти и граѓани да се приклучат во поддршка на независноста на судството и против најавените измени на законот поврзани со Обвинителството за организиран криминал.

Протестот започна со интонирање на националната химна, а присутните граѓани и студенти ја покажаа својата поддршка носејќи знамиња на факултети, дувајќи со свирчиња и вувузели, создавајќи силна и забележлива атмосфера пред Уставниот суд.

FixCredit
Atensa 300
Escape