Новак Кнежевиќ (35) од Крагуевац беше убиен вчера околу 17 часот во заседа во населбата Ердеќ во Крагуевац, кога непознат сторител пуцал во него.
Пукотницата се случила кај еден авто-отпад, а се сомнева дека непознатото лице пријде до паркираниот автомобил и испукало повеќе куршуми кон Новак Кнежевиќ, кој починал на лице место.
Според неофицијални информации, во возилото во тој момент се наоѓале неговата сопруга и двете мали деца.
Бил лидер на навивачи? Се сомнева дека убиениот Новак бил лидер на навивачката група на Раднички, односно на фракцијата „Црвени ѓаволи 1989“ од Крагуевац. Токму оваа група на својата Фејсбук страница објавила негова фотографија од трибините со порака: „Почивај во мир Ноле…“.
Мотивот и сите околности околу злосторството ќе бидат утврдени по спроведената истрага, а се претпоставува дека жртвата била убиена во заседа.
Крагуевачката полиција интензивно работи на идентификација и апсење на осомничениот за убиството.

















