Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, по повод Денот на ретките болести – 28 февруари, истакна дека е неопходно заедничко делување за подобрување на условите за живот на лицата со ретки болести.

„Ова не е само симболичен ден, туку потсетник на нашата одговорност да градиме инклузивно општество со еднакви можности за сите. Изразувам почит кон семејствата, медицинските професионалци и здруженијата кои секојдневно се борат за подобар пристап до здравствени услуги,“ порача Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека Општина Кисела Вода веќе трета година обезбедува канцелариски простории за здруженијата што работат во оваа област, овозможувајќи им полесна соработка со институциите.

„Ќе продолжиме со иницијативи и партнерства за да обезбедиме пристап до неопходните лекови, терапии и поддршка, бидејќи ретките болести не смеат да бидат невидливи,“ додаде Ѓорѓиевски, повикувајќи на солидарност и активна поддршка за овие лица.