34-годишен жител на Гостивар ќе одговара откако му се заканувал со нож на сопствениот татко, соопшти МВР.
„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ѓ.Ш. (34) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 29.01.2025 во семејниот дом, пријавениот му упатувал закани на неговиот 57-годишен татко“, пишува во полицискиот билтен.