ПРВ.мк
Топ Вести

ТРАМП, ПУТИН И СИ ЌЕ СЕ СРЕТНАТ НА ЕДНА МАСА: Кремљ го потврди историскиот состанок, познат е и датумот!

ТРАМП, ПУТИН И СИ ЌЕ СЕ СРЕТНАТ НА ЕДНА МАСА: Кремљ го потврди историскиот состанок, познат е и датумот!

Светот со внимание ја очекува средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Си Џинпинг, која според најавите треба да се одржи на 19 ноември во кинескиот град Шенжен.

Информацијата ја потврди Кремљ. Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека е постигнат договор за трилатерална средба на тројцата лидери, која ќе се одржи на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК).

Ова би била прва трилатерална средба на претседателите на трите големи светски сили.

Според најавите од Вашингтон, на разговорите треба да се отвори прашањето за намалување на нуклеарното вооружување во светот, како и за војната на Блискиот Исток. Белата куќа претходно посочи дека во фокусот нема да биде војната во Украина.

Кина сè уште не ја потврди средбата

Иако Москва и Вашингтон ја најавија средбата, од Пекинг сè уште нема официјална потврда.

Состанокот се очекува во рамките на самитот на АПЕК, кој се одржува во Шенжен, на југот на Кина.

Средбата привлекува големо внимание поради меѓународните тензии и значењето на односите меѓу Вашингтон, Москва и Пекинг. Сепак, засега не се најавени конкретни договори што би произлегле од разговорите, ниту се објавени детали за конечната агенда.

Најнови вести