Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека во текот на нападите врз Иран, САД досега уништиле девет ирански воени бродови.
„Тукушто бев информиран дека уништивме и потопивме девет ирански воени бродови, од кои некои се релативно големи и важни. Ги бркаме другите – наскоро ќе пловат на дното на морето! Во вториот напад, главно го уништивме нивниот поморски штаб. Освен тоа, нивната морнарица се справува многу добро“, изјави Трамп преку платформата Truth Social.
Нападите се дел од американско-израелските „превентивни акции“ по неуспехот во дипломатските преговори околу нуклеарната програма на Иран. Како реакција, Иран започна масовни одмазднички напади врз израелски цели и објекти поврзани со САД низ целиот Блиски Исток, предизвикувајќи ескалација на тензиите во регионот.


















