ПРВ.мк
Топ Вести

Нов возен ред во Скопје – што се менува од денес?

Нов возен ред во Скопје – што се менува од денес?

Скопјани од денес ќе се возат по изменет возен ред на дел од автобуските линии на Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје, откако од 4 април стапуваат во сила новите правила во рамки на градската транспортна мрежа.

Од ЈСП информираат дека измените се воведуваат со цел усогласување со Одлуката за интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во Скопје, а главната цел е подобра организација и поголема ефикасност на јавниот превоз.

Промените не ги опфаќаат сите линии, туку само дел од нив, а деталните информации – вклучително и статичните возни редови по линии и распоредот по постојки – се достапни на официјалната веб-страница на претпријатието.

Овие измени доаѓаат во период кога јавниот превоз е во фокусот на граѓаните, поради секојдневните забелешки поврзани со редовноста, гужвите и функционирањето на автобускиот сообраќај во градот.