ПРВ.мк
Топ Вести

ОДЛУКА КОЈА МОЖЕ ДА ГО ПРОМЕНИ СE: УНЕСКО го разгледува Охридскиот регион - еве за што ќе се одлучува!

ОДЛУКА КОЈА МОЖЕ ДА ГО ПРОМЕНИ СE: УНЕСКО го разгледува Охридскиот регион - еве за што ќе се одлучува!

Министерот за култура и туризам потврди дека извештајот за состојбата на Охридско Езеро и целиот Охридски Регион, кој е на УНЕСКО Листата на светско наследство од 1979 година, е испратен до Комитетот за светско наследство на УНЕСКО за оценка. Во документот се опфатени преземените мерки за заштита, вклучително планови за конзервација, управување и намалување на заканите врз природните и културните вредности на регионот.

Државите страни – Северна Македонија и Албанија – минатата година добија рок од Комитетот да достават извештај до 1 февруари 2026 година, со цел да се исполни условот за одложување на впишувањето на регионот на Листата на светско наследство во опасност. Ова следеше по претходни забелешки од реактивните мониторинг мисии и нацрт-одлуки на УНЕСКО кои укажуваа на слабости во заштитата на вредностите на регионот.

Од надлежните институции се очекува извештајот да содржи конкретни активности за заштита на Охрид, но конечната одлука дали регионот ќе биде ставен на Листата на светско наследство во опасност ќе биде донесена на следните сесии на Комитетот, со исход што се очекува во јуни годинава.

Доколку Охрид биде впишан на оваа Листа, двете држави ќе имаат дополнителни обврски да изработат корективни планови и мерки за заштита, со цел да го вратат регионот во состојба која ја почитува неговата „исклучителна универзална вредност“, предвидена со Конвенцијата за светско наследство.