Nokia продолжува да победува во судски постапки и тужби кои ги поднела против бројни компании.
Amazon се согласи да ги лиценцира технологиите на Nokia за своите сервиси и уреди за стриминг на видеа.
На овој начин се реши и заврши судската парница која во 2023 година ја покрена поранешниот технолошки гигант од Финска.
Ова не е изненадување, бидејќи низ сличен процес (на овој или оној начин) поминаа и други компании, меѓу кои Apple, Oppo, Reddit, HTC и други.
Nokia е еден од лидерите во светот на мултимедиските технологии, вклучувајќи компресија на видео, испорака и препорака на содржина, како и аспекти во сегментот на хардвер.
Во текот на последните 25 години, Nokia создала речиси 5.000 изуми кои ги поддржуваат мултимедиските производи и услуги, додека истовремено продолжува да игра водечка улога во стандардизацијата и истражувањето на полето на мултимедија.