ПРВ.мк

Зеленски откри што се случувало на фронтот за време на велигденското “примирје”

Зеленски откри што се случувало на фронтот за време на велигденското “примирје”

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска соопшти дека Русија до 16 часот по локално време извршила 46 воздушни напади и околу 900 гранатирања врз украинска територија. Информацијата ја пренесе врховниот командант на украинската армија, Олександр Сирски.

Зеленски на своите социјални мрежи објави и дека руските сили, дури и за време на Велигден, не запираат – користеле над 400 дронови за напади, продолжувајќи со агресијата врз Украина. Според него, овие акции се директно кршење на договорениот велигденски прекин на огнот, кој требаше да важи во регионот на Доњецк и областа Курск во Русија.

Ова е само уште еден во низата напади кои ги трпат украинските региони. Властите повторно изразија сериозна загриженост поради сè поинтензивната агресија од руската страна и ја повикаа меѓународната заедница да реагира со нови санкции и конкретни мерки.

Од друга страна, рускиот претседател Владимир Путин претходно објави велигденско примирје – наредил целосен прекин на воените операции во Украина од вчера од 18:00 часот до полноќ во понеделник. Претставено како хуманитарен гест по повод празникот.

Vero

Но, Путин исто така предупреди – руските сили мора да бидат подготвени за можни провокации и прекршувања на примирјето од страна на Украина. Според него, неопходно е секој обид за напад да биде веднаш одбиен.

Agria