Одбележан Денот на победата во Москва со воена парада и ново оружје
Во Москва денес се одржа воената парада по повод Денот на победата, која траеше нешто помалку од два часа. За прв пат беа прикажани руските дронови „Лансет“ и „Геран-2“. Според извештајот на Sky News, во парадата учествувале околу 11.500 припадници на руските вооружени сили.
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на настанот, истакнувајќи дека Русија има обврска да го брани достоинството на своите војници. Тој рече дека целото руско општество ги поддржува учесниците во, како што ја нарече, „специјалната воена операција“.
„Вистината и правдата се на наша страна“, изјави Путин, пред да оддаде почит со едноминутно молчење за загинатите во Втората светска војна. Тој ги истакна жртвите на ветераните, нарекувајќи ја нивната борба пример за љубов кон татковината.
На прославата на 9 Мај присуствуваа и околу дваесет светски лидери, меѓу кои претседателите и премиерите на Кина, Индија, Бразил, Куба, Северна Кореја и Виетнам. Од Европа, присутни беа премиерот на Словачка Роберт Фицо, српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателот на Република Српска, Милорад Додик.
Погледнете го видеото во продолжение: