ПРВ.мк
Свет

Забрана за гориво на возила постари од 15 години – камерите ќе ги препознаваат преку вештачка интелигенција

Забрана за гориво на возила постари од 15 години – камерите ќе ги препознаваат преку вештачка интелигенција
Escape

Од 31 март 2025 година, бензинските пумпи во Њу Делхи нема да смеат да точат гориво за автомобили постари од 15 години со мотори на внатрешно согорување. Ова е дел од сериозниот план за справување со загадувањето во индиската престолнина, еден од најзагадените градови во светот.

Сите бензински станици ќе бидат опремени со камери и системи со вештачка интелигенција што автоматски ќе ги идентификуваат забранетите возила. Очекувањата се дека мерката ќе опфати околу 100.000 автомобили.

Дополнително, властите во Делхи најавија и голема транзиција кон електричен јавен превоз – до крајот на 2026 година, 90% од автобусите ќе бидат заменети со електрични. Градот ќе засади нови шуми и ќе воведе обврска за користење водени топови против смог кај деловни објекти и хотели.

Иако ваква забрана постои веќе неколку години, не се спроведуваше во пракса. Новата власт поддржана од БЈП најавува дека со вештачката интелигенција конечно ќе стави крај на загадувањето што досега се толерираше.

Mia Home Mavrovo