ПРВ.мк
Свет

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Хорор во градинка: Бебиња врзувани и малтретирани - снимки ја шокираа јавноста!

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Хорор во градинка: Бебиња врзувани и малтретирани - снимки ја шокираа јавноста!

Во Индонезија избувна скандал што ја згрози јавноста, откако полицијата уапси 13 лица поврзани со градинка во Џогјакарта, осомничени за злоупотреба на десетици бебиња и мали деца.

Станува збор за установата „Little Aresha“, која според истрагата работела без соодветна дозвола и под сериозни сомнежи за систематско занемарување и малтретирање.

Сè излезе на виделина по пријава од поранешен вработен, а потоа во јавноста протекоа снимки од надзорни камери кои предизвикаа шок. На нив се гледаат деца под две години врзани за раце и нозе, оставени во пелени, а дел од нив дури и со покриени усти за да не плачат.

Родителите тврдат дека децата се враќале дома гладни, со модринки и видливи повреди. Една мајка раскажа дека нејзиното дете изјавило: „Ми ја покриваа устата за да не плачам“.

Полицијата потврди дека снимките се автентични и дека во една од просториите биле затекнати околу 20 деца во екстремно тесен простор. Од 103 запишани деца, се сомнева дека најмалку половина биле изложени на злоупотреба или занемарување.

Осомничените се бранат дека врзувањето било „за да се спречи хаос поради недостиг на персонал“, но властите тоа го отфрлаат како неприфатливо оправдување.

Локалните институции најавија итни контроли на сите градинки во регионот, додека случајот предизвика масовни реакции и барања за построги закони и поголем надзор.

Осомничените се соочуваат со затворски казни и парични санкции, но јавноста бара далеку построги мерки.

ВИДЕО