ПРВ.мк
Свет

ВОЕН ХАОС ВО ЕВРОПА: Мистериозна група крена во воздух фабрика за оружје на Израел!

ВОЕН ХАОС ВО ЕВРОПА: Мистериозна група крена во воздух фабрика за оружје на Израел!
Kristal

Светот е во шок по драматичниот напад во срцето на Чешка! Подземна меѓународна мрежа презеде одговорност за палењето на клучен објект на озлогласената израелска воена компанија „Elbit Systems“ во градот Пардубице. Ова не е обичен инцидент, туку директен удар врз она што напаѓачите го нарекуваат „епицентар на израелската воена индустрија во Европа“.

Пораката е јасна: „Нема веќе убивање!“ Групата која се нарекува „Earthquake Faction“ (Фракција Земјотрес) објави воено соопштение во кое тврди дека акцијата е одмазда за дејствата на Израел во Палестина. Тие тврдат дека во соработка со локална фирма, Израел таму градел „Центар за извонредност“ за глобално проширување на производството на оружје.

„Го запаливме нивното оружје пред да убијат со него!“ Напаѓачите се децидни:

  • Уништена опрема: Објектот е запален, а клучна воена опрема е претворена во пепел.
  • Тестирање врз луѓе: Групата обвинува дека оружјето на „Elbit Systems“ прво се „тестира“ врз Палестинците пред да се продава низ светот, ширејќи „империја изградена врз уништување“.
  • Без жртви: Свесно било внимавано да нема повредени лица, а целта била исклучиво воената машинерија

Ова е само почеток, предупредува „Earthquake Faction“. Тие порачуваат дека нема да чекаат одобрение од меѓународните влади и дека нападите ќе продолжат врз сите локации поврзани со израелската воена индустрија, сè додека целосно не се „запрат нивните капацитети за убивање“. Европа е на нозе – дали ова е почеток на нов бран герилски војни на нејзина територија?

ВИДЕО

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo