Украинските вооружени сили вчера изведоа напад врз руски ракетен брод од класа Buyan-M во Азовското Море, соопшти украинското Министерство за одбрана. Бродот бил погоден со беспилотни летала, при што биле оштетени радарската и ракетната опрема на бродот.
Од руската страна засега нема официјален коментар за инцидентот. Нападот се смета за значаен удар врз руската морнарица, која користи бродови од оваа класа за лансирање крстосни ракети „Калибр“.
Украинските сили продолжуваат со операции во Азовското Море и регионот на окупираниот Крим, користејќи комбинација од дронови, ракети и воздушни беспилотни летала за намалување на присуството на руските сили.
Видео: