Моќен тресок што одекнал низ Москва предизвикал вознемиреност кај жителите, а првичните информации сугерираат дека најверојатно не станува збор за експлозија, туку за пробивање на звучниот ѕид од авион.
Според руските медиуми, надлежните институции засега не забележале никакви знаци што би укажувале на опасност за населението. Нема информации за чад, пожар или материјална штета поврзана со инцидентот.
Од Министерството за вонредни состојби на Русија соопштиле дека се запознаени со случајот и дека веднаш биле извршени проверки на терен.
Првичните проценки укажуваат дека силниот звук најверојатно бил предизвикан од авион кој ја пробил звучната бариера над Московската област, што може да создаде силен ударен бран кој се слуша на голема оддалеченост.
И покрај тоа, официјална потврда за точната причина за тресокот сè уште нема, а надлежните продолжуваат да ги проверуваат сите околности.
Настанот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде што граѓани споделуваа снимки и сведоштва за силниот звук што се слушнал во различни делови на Москва.







