ПРВ.мк
Свет

Русија ги проби американските окови – Танкери со нафта и гас итаат кон „мртвата“ Куба!

Русија ги проби американските окови – Танкери со нафта и гас итаат кон „мртвата“ Куба!
Kristal

Додека Вашингтон стега јазол околу Хавана, Владимир Путин повлече потег кој ги збесна САД! И покрај строгото ембарго и експлицитните забрани од американското Министерство за финансии (OFAC), два руски гиганти – танкерите „Анатолиј Колодкин“ и „Си Хорс“ – веќе пловат низ Атлантикот носејќи го спасот за Куба.

 Американската администрација беше децидна: руска нафта може да се купува само под специјални услови, но строго се забранува секаква испорака за Куба, Иран и Северна Кореја. Целта на Вашингтон е јасна – преку енергетско гушење да предизвика пад на кубанското раководство. Сепак, Москва одлучи да го игнорира „газдата“ на светските мориња.

  • „Црно злато“: Неверојатни 728.000 барели нафта се на пат кон островот.
  • Енергетски шок: 27.000 тони течен природен гас (LNG) под знамето на Хонг Конг за да се заживее кубанската индустрија.
  • Трка со времето: Пристигнувањето се очекува кон крајот на март, токму кога на Куба ѝ е најпотребно.

Куба на работ на бездната: Островот е во вистински пекол откако американските сили го заробија венецуелскиот лидер Николас Мадуро, со што прекина главниот довод на евтино гориво. Ситуацијата е критична – деновиве цела држава потона во мрак по тоталниот колапс на електричната мрежа. Додека Трамп се заканува со брутални тарифи за секој што ќе ѝ помогне на Хавана, руските танкери се единствената надеж дека светлата на Куба повторно ќе светнат.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo