ПРВ.мк
Свет

„ЛИЦЕНЦА ЗА ИНВАЗИЈА“: Путин ја праќа армијата каде што сака – Руските тенкови ќе „спасуваат“ граѓани низ целиот свет!

„ЛИЦЕНЦА ЗА ИНВАЗИЈА“: Путин ја праќа армијата каде што сака – Руските тенкови ќе „спасуваат“ граѓани низ целиот свет!
Kristal

Светот е во состојба на шок по најавата од Москва која практично ги брише државните граници! Руската Дума итно подготвува законски измени кои на Владимир Путин му даваат апсолутна моќ: да ја ангажира војската за „ослободување“ на кој било руски граѓанин кој е уапсен или под истрага во странство. Ова не е само закон, туку отворена воена закана за секоја земја што Русија ќе ја прогласи за „непријателска“.

Одлуката дали руските специјалци или тенкови ќе упаднат во некоја држава за да извлечат затвореник ќе ја носи исклучиво Путин. На нишан се сите пресуди на меѓународните судови каде Русија немала свој збор.

  • Западот е „дискредитиран“: Првиот човек на Думата, Вјачеслав Володин, порача дека западниот систем веќе не постои и дека Русија повеќе нема да ги почитува нивните правила.
  • Приоритет број 1: Измените на законите за одбрана и државјанство се туркаат со молскавична брзина. Целта е јасна – заштита од „незаконски напади“ врз Руси во странство, со сите расположливи воени средства.
  • Крај на дипломатијата: Наместо адвокати и преговори, Москва сега најавува војници и оружје како одговор на секое апсење на нивен државјанин.

Странските медиуми се децидни – гласањето во Думата е само претстава за јавноста, а законот е веќе готова работа. Ова значи дека секој Русин во странство сега станува потенцијален „повод за војна“. Дали сме сведоци на воведување на нов светски поредок каде правото на посилниот го заменува меѓународниот закон? Едно е сигурно: Путин само што си потпиша дозвола за воени интервенции каде и да посака, под превезот на „заштита на народот“.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo