Украина и ЕУ постигнаа договор за 30-дневно примирје, поддржан од САД и Кина – Русија сè уште без одговор
Украина и европските лидери постигнаа договор за безусловен прекин на огнот во траење од 30 дена, кој стапи на сила на 12 мај. Иницијативата доби поддршка и од американскиот претседател Доналд Трамп, како и од Кина.
Европската Унија му постави јасен ултиматум на рускиот претседател Владимир Путин – или ќе се согласи на примирјето што започна на полноќ, или ќе се соочи со нов пакет значително построги економски санкции.
До истекот на рокот, Кремљ не издаде официјален коментар ниту потврда за учество во договорот.