ПРВ.мк

Украинците уапсија руски агент – планирал напад на нуклеарна централа

Украинците уапсија руски агент – планирал напад на нуклеарна централа
Jumbo Banner

Украинската безбедносна служба (СБУ) уапсила агент на руската воено-разузнавачка служба, осомничен дека подготвувал напад врз инфраструктурата на нуклеарната централа Ровно.

Според соопштението од СБУ, агентот планирал да изврши напад со беспилотни летала од типот „Шахед“ врз далноводите кои ја поврзуваат централата со енергетските објекти во Киевскиот регион.

Тој се обидел да постави GPS-уред на еден од столбовите на далноводот со цел да се насочат дроновите кон критичните точки и да се предизвика прекин на електричната енергија во урбаните области, пренесува агенцијата Украинаформ.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран