ПРВ.мк

Украина може да го потпише договорот со САД за минерали во следните 24 часа

Украина може да го потпише договорот со САД за минерали во следните 24 часа
Jumbo Banner

Украина е на чекор до потпишување важен договор со Соединетите Американски Држави за природни ресурси, а според извори за Блумберг, документот би можел да биде потпишан уште денеска. Се работи за договор со кој ќе се формира заеднички фонд за управување со украински инвестициски проекти, а украинската министерка за економија Јулија Свириденко веќе е на пат кон Вашингтон за да стави потпис.

Во договорот стои дека целта е да се создадат услови за зголемени инвестиции во рударството, енергетиката и сродни технолошки сектори во Украина. Дополнително, САД се обврзале дека нема да го попречуваат патот на Украина кон Европската Унија – нешто што досега важеше за чувствителна тема во разговорите.

Интересен момент е што американската страна се согласила во овој фонд да се пресметува само идната воена помош за Украина – не и милијардите долари што САД веќе ги вложија од почетокот на руската инвазија. Украинскиот премиер Денис Шмихал неодамна потврди дека Вашингтон се откажал од идејата тие средства да бидат дел од договорот, што е значаен напредок за Киев.

Во самите документи се наведува дека договорот треба да го зајакне стратешкото партнерство меѓу двете држави и да го поддржи долгорочниот процес на обновување и модернизација на Украина – како директен одговор на штетата од руската агресија.

Сè уште остануваат да се усогласат два технички анекси, кои ќе дефинираат како точно ќе функционира заедничкиот фонд, но главната рамка веќе е усогласена. Претходно во април, двете страни потпишаа меморандум за намери, а преговорите продолжија со детали.

Последниот обид за финализирање беше одложен поради жестока расправа во Овалната соба меѓу Зеленски и претседателот Доналд Трамп, заедно со потпретседателот Џеј Ди Венс.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран