ПРВ.мк
Свет

„ТВРДИ ТЕХЕРАН: Мирот конечно е вратен!" - кој стоеше позади хаосот?

„ТВРДИ ТЕХЕРАН: Мирот конечно е вратен!" - кој стоеше позади хаосот?
Kristal

Иранските власти тврдат дека состојбата во земјата е целосно стабилизирана по неодамнешните немири што ја вознемирија јавноста. Според министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, редот е воспоставен благодарение на реакцијата на безбедносните служби и, како што истакна, „будноста на народот“.

Во разговор со висок претставник на Обединетите Арапски Емирати, Арагчи изјавил дека протестите, кои на почетокот биле мирни, подоцна прераснале во насилни судири. Според него, тоа било резултат на активности на „терористички структури“ кои, како што тврди иранската страна, имале поддршка од странство.

Иранскиот шеф на дипломатијата упати сериозни обвинувања кон САД и Израел, наведувајќи дека нивната вмешаност имала за цел да ја дестабилизира земјата и да ги претвори јавните собири во хаос. Тој остро ги осуди и изјавите на американски официјални лица, оценувајќи ги како директно мешање во внатрешните работи на Иран.

Во одделен разговор со францускиот министер за надворешни работи, Арагчи повторил дека насилството довело до човечки жртви, материјална штета и уништување на јавна инфраструктура. Тој ја повикал Франција јавно да ги осуди, како што ги нарече, интервенционистичките потези на странските актери.

Иранските власти порачуваат дека земјата останува решена да го заштити својот суверенитет и безбедност од секакво надворешно влијание.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo