ПРВ.мк
Свет

ЦЕЛ СВЕТ ЧЕКА ВЕСТ! – Трамп: Нешто добро се случува

ЦЕЛ СВЕТ ЧЕКА ВЕСТ! – Трамп: Нешто добро се случува
Kristal

Американскиот претседател Доналд Трамп ја привлече вниманието на светската јавност со својот нов пост на социјалните мрежи, откривајќи дека „нешто добро можеби се случува“ во текот на мировните преговори меѓу САД, Украина и Русија.

„Дали е навистина можно да се постигне голем напредок во мировните преговори меѓу Русија и Украина??? Не верувајте додека не го видите, но нешто добро можеби се случува токму сега. БОГ ДА ЈА БЛАГОСЛОВИ АМЕРИКА!“, напиша Трамп, оставајќи простор за шпекулации и очекување од јавноста.

Коментарот доаѓа откако американските и украинските делегации воделе интензивни разговори во Женева за план од 28 точки, чија прва верзија предизвика критики бидејќи беше сметана за многу поволна за Русија. САД тврдат дека сегашниот нацрт е ревидиран и „се повеќе ги одразува украинските национални интереси“.

Светските медиуми веќе шпекулираат што точно може да значи „нешто добро“ и дали би можело да претставува пресвртница во долгогодишниот конфликт. Останува да се види дали ова ќе биде почеток на нова ера на преговори или само уште еден момент на неизвесност.

Escape