ПРВ.мк
Свет

Тревога во Минхен: – Германската војска се вклучува во одбраната!

Тревога во Минхен: – Германската војска се вклучува во одбраната!

Германскиот министер за внатрешни работи, Александар Добриндт, соопшти дека војската ќе помогне во заштитата на цивилниот сектор од дронови, по инцидентот со неидентификуван дрон на аеродромот во Минхен. Министерот најави и нов предлог-закон за безбедност на воздушниот сообраќај, со цел подобра контрола на заканите од беспилотни летала.

Во германската покраина Шлезвиг-Холштајн се забележани дронови со распон на крилја до осум метри, додека деталите за дроновите од Минхен остануваат непознати. Поради инцидентот, полицијата мораше да затвори дел од пистите, што го блокираше сообраќајот за околу 3.000 патници, додека сè уште не е јасно дали се работи за еден или повеќе дронови.

Германската федерална и покраинска влада предлагаат формирање заеднички центар за одбрана од дронови, со учество на вооружените сили, кој ќе анализира закани, ќе координира одговор и ќе ги разликува реалните закани од провокации. Добриндт предупреди дека „тековно трае трка меѓу заканата од дронови и одбраната од нив“ и дека ова прашање ќе биде тема на европски состанок овој викенд.