ПРВ.мк

Трамп стави крај на гласините, откри до кога останува во Белата куќа

Трамп стави крај на гласините, откри до кога останува во Белата куќа
Jumbo Banner

Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека нема намера да се кандидира за трет претседателски мандат. Во интервју за „NBC News“, Трамп нагласи дека ќе ја напушти Белата куќа во 2028 година, по завршувањето на вториот мандат.

– Ќе бидам претседател вкупно осум години, два мандата. Отсекогаш сум сметал дека тоа е многу важно – изјави Трамп.

Тој откри дека некои од неговите советници му предложиле да размисли за трета кандидатура, но тој го отфрлил тоа сценарио, потсетувајќи дека американскиот Устав дозволува максимум два мандата.

– Тоа не е дозволено. Не знам дали според Уставот тоа не може, но за мене е јасно – додаде Трамп, ставајќи крај на сите шпекулации за можна трета кандидатура.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран