ПРВ.мк

Трамп со својата најнова изјава му даде огромна надеж на светот: Дали работите одат на подобро?

Трамп со својата најнова изјава му даде огромна надеж на светот: Дали работите одат на подобро?
Jumbo Banner

Трамп: САД и Русија се блиску до договор 

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, непосредно пред заминувањето за Рим на погребот на папата Франциско, изјави дека Соединетите Американски Држави и Русија се на чекор до постигнување договор кој, според него, би можел да спаси илјадници животи.

„Мислам дека на крајот ќе постигнеме одличен договор… Ќе се обидеме да се извлечеме од овие војни за да спасиме 5.000 животи неделно. Тоа ми е целта. Сакам да спасам 5.000 млади луѓе – главно Украинци и Руси – и би ми било голема чест ако успеам во тоа“, изјави Трамп.

Тој додаде дека преговорите се во напредна фаза и дека „мисли оти се доста блиску“ до конкретен договор, иако не прецизираше од каде доаѓа неговата проценка за бројот на потенцијално спасени животи.

Во изминативе денови, Трамп неколкупати го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ги поткопува мировните обиди со тоа што одбива да признае руски суверенитет над Крим. Вчера, тој упати апел до рускиот претседател Владимир Путин да ги прекине нападите и да се фокусира на постигнување мир.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран