ПРВ.мк
Свет

ТРАМП ПОВТОРНО ШОКИРА: Се прогласи за претседател на Венецуела!

ТРАМП ПОВТОРНО ШОКИРА: Се прогласи за претседател на Венецуела!
Kristal

По апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро во специјална операција на САД, Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social објави дека е „вршител на должност претседател на Венецуела“ од јануари годинава, предизвикувајќи глобална бура реакции.

Трамп сподели снимка од екранот на наводна страница на Википедија, каде што под неговата фотографија стои дека е и „вршител на должност претседател на Венецуела“. По ова, останува нејасно кој фактички ја води јужноамериканската земја – дали Трамп или Делси Родригез, која е назначена како в.д. претседателка од венецуелската влада.

Во интервју за Fox News, Трамп истакна дека „на крајот“ ќе дозволи одржување избори во Венецуела, но само откако САД ќе го сторат она што тој го смета за клучно. „Ќе ја обновиме нафтата и нафтената инфраструктура“, рече тој.

Мотивите зад самоназначувањето на Трамп како привремен претседател остануваат нејасни, но објавата веднаш предизвика глобални реакции, анализи за неговата стратегија и влијанието на САД врз политичката состојба во Венецуела.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo