Околу 120 мигранти биле спасени од море во близина на грчкиот остров Родос, откако биле фатени во тешка ситуација додека патувале со едрилица, јави дописничката на МИА од Атина.
Едрилицата со која се пренесувале мигрантите била забележана од брод на грчката крајбрежна служба, која во акцијата имала поддршка од два други пловила што случајно се нашле во близина.
Сите мигранти биле безбедно пренесени на пристаништето на Родос, каде им била пружена помош и првична нега.
Оваа спасувачка операција е дел од постојаните напори на грчките служби за контролa и помош на мигрантите што се обидуваат да ја минат морската граница, со цел да стигнат до Европската унија.