Тројца британски државјани, од кои двајца се со потекло од Косово, се уапсени во Сплит под сомнение дека брутално силувале 28-годишна девојка во хотелска соба.
Според хрватските медиуми, девојката ги запознала истата вечер на Матешушка, по што прифатила да се врати со нив во хотел. Инцидентот започнал околу 5:30 часот наутро и траел цели два часа.
Првосомничениот ја навредувал, ја гризел за усни и ја допирал по интимни делови. Иако таа изразила отпор и кажала дека ја боли, тој продолжил со нападот. Потоа ѝ го зел мобилниот и побарал од неа да има односи со вториот осомничен.
Од страв, девојката заминала со вториот маж, а потоа била принудена и на орален однос со третиот. Целиот инцидент бил проследен со насилство, гризење и опипување. Во еден момент таа успеала да се извлече и да повика пријател, кој веднаш алармирал полиција.
Полицијата интервенирала и веднаш уапсила еден од напаѓачите во хотелската соба, додека останатите двајца наскоро биле пронајдени.
Сите тројца ги негираат обвинувањата и тврдат дека немало присила. Сепак, судот им одреди истражен притвор поради опасност од бегство, бидејќи Велика Британија не е членка на ЕУ. Еден од нив понудил 30.000 евра кауција, но таа била одбиена.
Ask ChatGPT