Кабинетот на премиерот на Пакистан, Шехбаз Шариф, соопштил дека пакистанските вооружени сили добиле дозвола да преземат “соодветни” активности по индиските напади.
„Во согласност со член 51 од повелбата на ОН, Пакистан го задржува правото да одговори, во самоодбрана, во време, на место и на начин што сам ќе го одбере, со цел да го одмазди губењето на невини пакистански животи и очигледното кршење на својот суверенитет“, стои во соопштението од Кабинетот на премиерот на Пакистан.
Националниот совет за безбедност на Пакистан се состанал во средата и го осудил индискиот напад.
„Овие непровоцирани и неоправдани напади се целосно насочени кон цивилни подрачја, под лажни изговори за присуство на измислени терористички кампови, што резултирало со мачење на невини мажи, жени и деца и причинило штета на цивилната инфраструктура, вклучувајќи џамии“, соопштиле од Безбедносниот совет.
Пакистан тврди дека нападите нанеле штета и на цивилни авиони од “братски” земји околу Персискиот и Оманскиот залив.
Исламабад наведува дека индиските напади јасно претставуваат “воени дејства според меѓународното право”.