ПРВ.мк

Силна ерупција на вулканот Етна: Лава и пепел во јужна Италија

Силна ерупција на вулканот Етна: Лава и пепел во јужна Италија
Jumbo Banner

Активниот вулкан Етна, лоциран на Сицилија, повторно проработи со моќна ерупција, исфрлајќи лава и густ облак пепел, јавува новинската агенција Анахолу.

Според локалните извори, активноста започнала во средата навечер во јужноисточниот кратер, кој е еден од најактивните делови на вулканот, на околу 3.300 метри надморска височина. Ерупцијата траела цел ден и продолжила сè до вечерните часови.

Според Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија (INGV) во Катанија, силната вулканска активност предизвикала ширење на облак од пепел кон источниот дел на островот.

Поради ризикот од пепел во воздухот, утринава ИНГВ издаде црвено предупредување за воздушниот сообраќај во регионот. Иако аеродромот Фонтанароса во Катанија остана отворен, надлежните внимателно ја следат состојбата.

ELS

Во текот на денот, активноста на вулканот почнала да се смирува, што довело до намалување на нивото на предупредување за авијацијата.

Инаку, ова е најзначајната ерупција на Етна од февруари годинава, по серијата интензивни вулкански активности и истекување на лава минатото лето.

Како највисок активен вулкан во Европа, Етна често покажува знаци на активност, но италијанските експерти постојано ја следат состојбата за да спречат потенцијални опасности за населението на Сицилија.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран