ПРВ.мк
Свет

ШВАЈЦАРСКИ ШОК ЗА ВАШИНГТОН: Стопиран извозот на оружје за САД!

ШВАЈЦАРСКИ ШОК ЗА ВАШИНГТОН: Стопиран извозот на оружје за САД!
Kristal

Берн повлече кочница: Неутралноста пред сè – Швајцарија одбива да биде дел од воената операција против Техеран!

Во потег што ги затекна светските лидери, швајцарската влада денеска објави дека воведува итна забрана за издавање нови лиценци за извоз на оружје и воен материјал во Соединетите Американски Држави. Причината е директна и јасна: заедничката воена операција на САД и Израел против Иран, која според Берн, ја загрозува строгата политика на швајцарска неутралност.

Додека воените тапани на Блискиот Исток се слушаат сè посилно, Швајцарија реши да ги затвори своите воени магацини за најголемата светска велесила. Во официјалното соопштение, Берн потенцира дека оваа пауза е неопходна за да се спречи швајцарската технологија и муниција да завршат на боиштата во еден конфликт каде Швајцарија не сака да заземе страна. Инаку, интересно е што ниту Израел ниту Иран веќе со години немаат добиено дозволи за увоз на швајцарско оружје, што покажува дека Швајцарија одамна се дистанцира од ова жариште.

Сепак, Швајцарците оставија мал простор за маневар за да не ги нарушат комплетно односите со Вашингтон. Владата појасни дека:

  • Новите лиценци се целосно блокирани до понатамошно известување.
  • Постојните дозволи, кои беа дадени претходно, остануваат на сила.
  • Проценката на Берн е дека тековните пратки не се директно поврзани со моменталната војна во Заливот, па затоа нивната реализација може да продолжи.

Оваа одлука доаѓа во критичен момент, кога американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, најавува лансирање на „најголемиот напад“ во историјата, а Доналд Трамп испраќа збунувачки пораки за понатамошните чекори на Израел. Истовремено, јазот меѓу ЕУ и САД се продлабочува, а потегот на Швајцарија само додава „масло во огнот“, сугерирајќи дека Европа станува сè порешителна во заштитата на своите принципи наспроти притисоците од Вашингтон.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo