Скандал во Брисел: Полскиот премиер Доналд Туск директно го обвини Виктор Орбан дека ја загрозува безбедноста на целиот континент поради лични политички игри!
Европското единство е ставено на најтежок тест досега, а главниот виновник, според Варшава, има име и презиме. По враќањето од бурниот самит на ЕУ во Брисел, полскиот премиер Доналд Туск не ги штедеше зборовите за својот унгарски колега, нарекувајќи ги неговите постапки опасна блокада која директно и помага на руската агресија.
Туск пред новинарите беше дециден – Виктор Орбан користи „валкани“ формални и процедурални трикови за да го сопре протокот на неопходната помош за Украина. Според полскиот премиер, ова не е прашање на принципи, туку на „домашната изборна игра“ на Орбан, кој го користи опстанокот на една цела држава како чип за пазарење. „Не успеавме да го убедиме. Тој е решен да блокира, а тоа е катастрофално лошо за Полска и за цела Европа“, алармираше Туск, додавајќи дека во моментов не постои никаков „план Б“ доколку Унгарија остане на своето вето.
И покрај поразот околу украинското прашање, Туск се пофали со голем успех на друго поле – миграцијата. Полска, во сојуз со Данска, успеа да извојува клучна победа во Европскиот совет. Пораката е јасна: Грешките од 2015 година нема да се повторат!
Како последна светла точка од самитот, Туск го истакна договорот во следната буџетска рамка на ЕУ да се издвојат дополнителни средства за регионите што граничат со Русија и Белорусија. Ова е директно признание за „првата борбена линија“ на Европа, каде притисокот е најголем. Сепак, горчливиот вкус останува – додека Европа се обидува да се заштити однадвор, внатрешниот „проблем со Орбан“ станува сè поголем товар за Брисел.


















