Украинските вооружени сили изведоа напад во градот Олешки (Алешки) во Херсонската област, а според прелиминарните податоци, најмалку седум лица се убиени, објави на својот канал на Telegram, гувернерот на областа поставен од руските власти, Владимир Салдо.
„Околу 9:30 часот во Олешки, во областа на централниот пазар, украинските вооружени сили започнаа масовен напад со беспилотни летала FPV врз цивили. Во времето на нападот имаше многу луѓе на пазарот“, напиша тој.
Според гувернерот, најмалку седум лица загинале, а повеќе од 20 се повредени.
Покрај тоа, по првиот бран напади, кога веќе имало мртви и ранети, украинските вооружени сили испратија FPV дронови „за да ги докрајчат преживеаните“, додаде Салдо.
„Вистинското лице на киевскиот режим е во овие снимки“, коментираше гувернерот на видеото од Олешки.
Регионот Херсон се наоѓа во долниот тек на реката Дњепар во јужна Украина и излегува на Азовското и на Црното Море. Во септември 2022 година во делот кој го контролира Русија беше оддржан референдум на кој тамошното руско и рускојазично население со 87,05 отсто според руските власти, гласаа за присоединување на Русиката Федерација, што меѓународната заедница го смета за нелегално анекирање на украинска територија.
Според официјални податоци од завојуваните страни, моментално руската војска контролира 75 проценти од Херсонската област од севкупната предвоена регионална територија на регионот, а украинските вооружени сили го држат десниот брег на Дњепар, вклучувајќи го и регионалниот центар градот Херсон кој пред војната имаше око лу 275.000 жители.