ПРВ.мк

Се урна полициски хеликоптер во Тајланд – три лица загинаа

Се урна полициски хеликоптер во Тајланд – три лица загинаа
Vero

Три лица загинаа откако денеска се срушил полициски хеликоптер во провинцијата Прачуап Кири Кан, соопшти тајландската полиција.

Според локалните медиуми, хеликоптерот од типот „Бел 212“ бил во рамки на тренажна мисија кога околу 13 часот по локално време се урнал во близина на воздухопловната база „Винг 5“, јавува новинската агенција Синхуа.

Надлежните институции ја започнаа истрагата за причините што довеле до несреќата, се наведува во официјалното полициско соопштение.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран