ПРВ.мк
Свет

Се шири страв од иранските болници: „Убиваат млади луѓе без милост“ – лекари сведочат за масакр!

Се шири страв од иранските болници: „Убиваат млади луѓе без милост“ – лекари сведочат за масакр!
Kristal

Иранските болници се на работ на колапс додека лекарите се обидуваат да спасат животи на демонстранти повредени во насилното задушување на протестите. Потресни сведоштва што протекуваат од земјата, и покрај речиси целосната интернет-блокада, говорат за масовна употреба на боева муниција и голем број жртви, објавуваат светските медиуми.

Во болница во Машхад, лекар сведочи дека се обидувал да реанимира 22-годишна девојка застрелана од безбедносните сили. И покрај повеќекратните обиди за реанимација, таа починала. „Пукаат со вистинска муниција. Ги убиваат младите без милост“, наведува лекарот во порака што успеала да излезе од земјата.

Медицинскиот персонал алармира дека во повеќе болници се активирал „Код 99“, итен протокол резервиран за пациенти со прострелни рани. Во некои здравствени установи, десетици тела биле донесени само во една ноќ, дел од нив без знаци на живот уште при пристигнувањето.

Според информации од активистички организации за човекови права со седиште во странство, документирани се најмалку 70 смртни случаи од почетокот на протестите, но реалната бројка се стравува дека е значително поголема. Поради исклучениот интернет и прекинатите телефонски линии, независна потврда на податоците е речиси невозможна.

Жители на Техеран, кои успеале да воспостават контакт преку сателитски врски, сведочат за секојдневни ноќни протести, масовна употреба на солзавец и пукање кон демонстрантите. Еден од нив изјавил дека во мртовечницата Кахризак на семејства им биле покажани десетици, па дури и стотици тела.

Лекари од повеќе градови, вклучително и Техеран, Керманшах и регионите во Курдистан, велат дека болниците се преплавени со повредени, а медицинските ресурси се исцрпени. „Ситуацијата е ужасна. Ова што се случува е масакр“, стои во една од пораките испратени до странски медиуми.

Иранските власти засега не објавуваат официјални податоци за бројот на загинати и повредени, додека меѓународната јавност изразува сериозна загриженост за состојбата со човековите права и употребата на сила врз цивилното население.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo