ПРВ.мк
Свет

Сѐ се воведува ограничување на плаќањата во готово - Наскоро стапува на сила ново правило!

Сѐ се воведува ограничување на плаќањата во готово - Наскоро стапува на сила ново правило!
Kristal

Германија за првпат ќе воведе ограничување на плаќањата во готово, и тоа од средината на 2027 година. Станува збор за спроведување на нова регулатива на Европска Унија насочена кон борба против перење пари и спречување финансирање на тероризам.

Правната основа беше усвоена во 2024 година од страна на ЕУ и Европски парламент, како дел од новиот пакет мерки против перење пари (Регулатива 2024/1624 и Директива 2024/1640).

Што точно се менува?

Од 10 јули 2027 година, во деловни трансакции ќе може да се плаќа во готово максимум до 10.000 евра. Секоја сума над овој износ ќе мора да се плати безготовински – преку банкарски трансфер, платежна картичка или дигитални платформи.

Ограничувањето ќе важи само кога барем едната страна е деловен субјект. На пример, купување автомобил од автосалон ќе биде предмет на лимитот од 10.000 евра.

Но, ако две приватни лица меѓусебно купуваат или продаваат (на пример автомобил), плаќањето во готово и понатаму ќе биде дозволено без ограничување, доколку не станува збор за регистрирана деловна активност.

Истото важи и за продажба на недвижности меѓу приватни лица, иако нотарите веќе имаат обврска да го евидентираат начинот на плаќање.

Дополнителни правила

Новите прописи предвидуваат и дека при плаќања во готово над 3.000 евра, трговците ќе мора да го проверат и евидентираат идентитетот на клиентот. Тоа значи дека за купување поскапи производи – како часовници, лаптопи или мебел – ќе биде потребна лична карта.

Каква е состојбата во другите земји?

Во споредба со другите членки, Германија досега беше една од ретките големи економии без вакво ограничување.

Во Франција и Шпанија лимитот веќе изнесува 1.000 евра, додека во Грција плаќањата во готово се дозволени само до 500 евра.

Во некои соседни земји дополнително се намалува бројот на банкомати, што дополнително го поттикнува преминот кон безготовинско работење.

Со новите правила, ЕУ воведува единствен минимален стандард за целата Унија, со цел поголема финансиска транспарентност и намалување на злоупотребите.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo