ПРВ.мк

Се огласи Москва со ново барање: Ова е клучен услов за прекин на војната во Украина

Се огласи Москва со ново барање: Ова е клучен услов за прекин на војната во Украина
Jumbo Banner

Песков: Мировен договор е можен ако Украина се повлече од регионите во состав на Русија

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека клучен услов за постигнување мир во Украина е повлекување на украинските трупи од териториите на Донбас и таканаречената Новорусија, кои Русија ги смета за дел од својата територија.

„Ако Украина ги повлече своите трупи од овие четири региони – тогаш, да, мирот е можен“, изјави Песков за францускиот неделник Le Point, одговарајќи на прашање дали постои реална можност за прекин на војната под такви услови.

Песков исто така нагласи дека американскиот претседател Доналд Трамп досега не поставил конкретен рок за прекин на огнот во Украина, нарекувајќи ги таквите идеи „неприфатливи“.

„Трамп никогаш не поставил рокови. А и ние сметаме дека тоа не е соодветно“, изјави Песков, додавајќи дека претседателот Владимир Путин останува отворен за идејата за прекин на огнот. Сепак, според него, мировните разговори за Украина треба да се разгледуваат одвоено од можните преговори за обновување на односите меѓу Москва и Вашингтон.

„Нема решение за конфликтот без нормализација на односите меѓу Русија и САД“, додаде Песков.

Запрашан за ставот на Путин кон Доналд Трамп, Песков одговори дека рускиот претседател има почит кон Трамп, нарекувајќи го „силна политичка и лична фигура“.

Тој откри и дека подготовките за нова средба меѓу Трамп и Путин се веќе во тек, и истакна дека се очекува таквиот состанок да биде продуктивен.

„И двајцата лидери пред сè ги штитат интересите на своите држави, но споделуваат и подготвеност најтешките прашања да ги решаваат преку дијалог“, заклучи Песков.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран