ПРВ.мк
Свет

Русија му одговори на Трамп: Имаме повеќе нуклеарни подморници од САД и најмоќно оружје во светот

Русија му одговори на Трамп: Имаме повеќе нуклеарни подморници од САД и најмоќно оружје во светот
Escape

Русија жестоко реагираше на изјавата на Доналд Трамп дека испратил две американски нуклеарни подморници блиску до нејзините води. Преку својот висок функционер Виктор Водолацки, Москва порача дека руските подморници не само што се побројни туку и носат најмоќно оружје во светот.

„Во океаните има повеќе руски нуклеарни подморници отколку американски, и тие се подготвени за сѐ“, изјави Водолацки за државната агенција ТАСС. Тој додаде дека Русија не чувствува потреба да одговара на, како што рече, „непостојаната реторика на Трамп“, опишувајќи го како политичар што „се предомислува 24 часа дневно“.

Овој вербален судир доаѓа во момент на сериозни тензии меѓу двете сили – во јули Русија спроведе рекорден број дрон-напади врз Украина, а Трамп возврати со најави за нови економски санкции, вклучувајќи 25% царина за индиски производи поради нејзината блискост со Москва.

Конфликтот доби и лична димензија: Трамп директно го нападна поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, кој не остана должен и индиректно се закани со нуклеарна одмазда.

Ситуацијата се вжештува на сите фронтови – воен, економски и дипломатски – со сериозна опасност од понатамошна ескалација.

Mia Home Mavrovo